ЛАНКОМ КОМПЈУТЕРИ

ЛАНКом Компјутери има долгогодишно искуство и знаење за комплетирање на секоја фаза на проекти од информатичката технологија без разлика на големината и нивната сложеност, почнувајќи од дизајнирање, проектирање, набавка на потребен хардвер, оперативен и апликативен софтвер, инсталација, имплементација, системска интеграција, па се до техничка поддршка и сервисирање на опремата.

Во соработка со домашните и странските партнери и консултанти, ЛАНКом Компјутери нуди решенија од типот ” клуч на рака” на коминтенти од различен профил на целата територија на Република Македонија. Со својот високо образован и стручен тим ЛАНКом Компјутери го освои македонскиот пазар и стана еден од неговите лидери истакнувајќи се со својот чесен, стручен, професионален и флексибилен приод кон неговите коминтенти и решавањето на нивните проблеми, барања и потреби.

СОПСТВЕНОСТ

ЛАНКом Компјутери д.о.о Скопје е компанија во приватна сопственост. Основана е во 1991 година и е една од првите приватни информатички компании во Република Македонија. Основачите на ЛАНКом Компјутери, воедно и менаџерски тим на компанијата, се со повеќе од 30 годишно практично искуство во сите сегменти од информатичката технологија.

ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ЛАНКом Компјутери има 14 вработени и во однос на нивните работни задолженија се поделени во:

  • Сектор за продажба
  • Професионални Услуги и Техничка Поддршка
  • Сервис
  • Заеднички служби

Долгогодишното искуство на менаџерскиот тим, со префесионалноста, амбициозноста и спремноста на нашите инженери секогаш да го надоградуваат своето знаење со најновите светски достигнувања во информатичката технологија, прават стручен тим со високи перформанси. Во нашата компанија се вработени два магистри по информатички науки, седум инженери со високо образование, а пет вработени се со средно образование. Знаењето, стручноста и професионалниот однос на нашите вработени отсекогаш била движечка сила на нашата компанија. Сите членови на стручниот тим, во согласност со високите стандарди и барања на производителите на опремата, имаат меѓународно признати сертификати и се специјализирани за работните задачи кои ги извршуваат. За поедини специјализации, сертификацијата е направена во тренинг центрите на производителите на опремата, под исти услови и критериуми кои ги имаат и нивните вработени.