Оваа година ЛАНКом Компјутери слави 33 години од своето постоење.

Група на професионалци, ентузијасти и заљубеници во компјутерските технологии во 1991 г. решија да го формираат ЛАНКом Компјутери, како една од првите приватни компании во земјава.

Уште од првиот ден решивме дека нема да има компромис кога се работи за квалитет и дека нашите коминтенти секогаш треба да ги добијат најновите и најдобрите производи од пазарот на компјутерска опрема во светот, дека нашите услуги треба да бидат секогаш на највисоко професионално ниво.

За таа цел уште од почетокот потпишувавме договори и бевме партнери со најголемите и водечки технолошки компании во светот како DELL, Oracle, Cisco, Microsoft, Evolis…..

Поради тоа во листата на нашите коминтенти за овие 33 години успеавме да ги запишеме имињата на најголемите македонски компании од сите области, од јавниот и приватниот сектор. Успеавме да работиме и со најголемите светски компании кои имаат преставништва или прозводствени капацитети кај нас.