slideshow 1 slideshow 2

Конкурс за вработување - Систем инженер за техничка подршка на корисници



ЛАНКом Компјутери има потреба од вработување на на Систем инженер за техничка подршка на корисниците.


Опис на работнoто место:
- Техничка поддршка на серверска и мрежна опрема кај нашите клиенти;
- Инсталација, конфигурирање и работа со оперативни системи, Solaris, Linux, Windows;
- Инсталација, конфигурирање и работа со виртуелни околини;
- Водење грижа за задоволството на клиентите и нудење на постојана техничка поддршка на истите;
- Комуникација со странски партнери;
- Подготовка на извештаи и техничка документација;
- Извршување на други активности кои се тесно поврзани со работата;


Потребни квалификации:
- Завршен Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство или пак Факултет за електротехника и информациски технологии насока: Компјутерска Техника и Информатика или сродна област ;
- Познавање на хардверски компоненти и одржување на истите;
- Познавање на оперативните системи, UNIX, Linux и Windows;
- Познавање на виртуелни околини;
- Активно познавање и користење на Англиски Јазик;
- Возачка дозвола од Б категорија;


Претходно работно искуство:
- Со работно искуство како систем инженер или без работно искуство


Професионални знаења и способности:
- Солидни течнички познавања и висок степен на ИТ компетентност;
- Самоиницијатива и флексибилност:
- Развиени комуникациски и презентациски вештини;
- Способност за тимска работа и мотивираност:
- Способност за учење на нови технологии;


Сертификати:
Предност имаат кандидати со постоечки сертификати од областа на компјутерските технологии.


ЛАНКом Компјутери нуди стимулативна средина, тренинг и можност за професионално усовршување во рамките на компанијата.

Сите кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии можат да ги испратат на konkurs@lancom.com.mk .

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Дискрецијата на сите апликанти е строго загарантирана.