FalconStor - TOTALLY Open™ Data Protection Solutions
- Пријави се или регистрирај се за да оставиш коментар
- Прочитај повеќе
- прочитaно 71 пати
Сите корисници на компјутерска опрема, без разлика на нивната големина, се сретнуваат со проблемот како да се направи резервна копија на податоците, како и на кој начин да се заштитат податоците, или пак во случај на дефект или оштетување како брзо да се вратат истите назад на нивните системи.
Во исто време новите информатички технологии и програми генерираат се поголема количина на податоци, а со тоа и го зголемуваат потребното време и трошоците за правење на резервни податоците (backup). Брзината со која расте големината на податоците класичната опрема за правење на резервни податоци на магнетни ленти ја прави спора, премногу скапа и комплицирана за употреба, па се наметнува потребата од воведување на нови технологии кои ќе ги надминат овие предизвици.
Поради тоа од неодамна во листатат на нашите партнери го додадовме и светскиот лидер на иновативни решенија за заштита на податоците FalconStor.
ORACLE - Завршена продажбата на Sun Microsystems
- Пријави се или регистрирај се за да оставиш коментар
- Прочитај повеќе
- прочитaно 625 пати
Oracle објави дека е завршено купувањето на Sun Microsystems и дека сега Sun е целосно во сопственост на Oracle.
Oracle уште еднаш ја потврдува заложбата дека ќе продолжи да нуди целосни, отворени и интегрирани системи кои ќе им помагаат на клиентите да ја подобрат ефикасностa, сигурностa и безбедностa на нивните ИТ инфраструктури.
AVG - Комплетна заштита на вашиот компјутер
- Пријави се или регистрирај се за да оставиш коментар
- Прочитај повеќе
- прочитaно 745 пати
ЛАНКом Компјутери склучи договор за продажба на производите на познатата светска компанија за антивирусни програми AVG.
Производното портфолио на AVG содржи сигурносни апликации за комплетна заштита на вашата работа од сите типови на интернет закани.
Компјутерските и интернет заканите денес не се само на ниво на добивање на различни типови на вируси на вашиот компјутер, туку одат многу подалеку, и само AVG нуди дополнителни слоеви на заштита од сегашните најголеми интернет закани.
Партнерски договор со ЕVOLIS
- Пријави се или регистрирај се за да оставиш коментар
- Прочитај повеќе
- прочитaно 1965 пати
ЛАНКом Компјутери склучи партнерски договор со познатата светска компанија Evolis. Оваа компанија е една од водечките за дизајнирање и производство на комплетни решенија за печатење на пластични картички. Печатарите на Evolis обезбедуваат персонализација и графички дизајн на било кој тип на пластични картички, како магнетни, така и електрични - контактни и безконтактни RFID чип картички. Печатењето може да биде еднострано или двострано, во боја или црно/бело, може да се печатат специјални панели за потпис, панели за гребење, како и печатење на холограмски отпечатоци.
- 1
- 2
- 3
- следна ›
- последна »

English

DELL Notebooks 
