DELL Home Systems XPS M2010 - 20.1" лаптоп од DELL
- Пријави се или регистрирај се за да оставиш коментар
- прочитaно 2020 пати
Со XPS M2010 DELL успеа да спои во себе две класични компјутерски категории, стандардниот персонален компјутер и класичниот лаптоп. Во иновативниот и импресивен дизајн направен е лесно пренослив компјутер кој ги минимизира компромисите кои се прават во лаптопите како што се малиот дисплеј, непрактичната тастатура и осиромашениот сет на можности. XPS M2010 е склоп на 20.1" дисплеј, одвоива Bluetooth тастатура, извонреден сет на компјутерски компоненти и раскошен сет на мултимедијални компоненти како во секој модерен мулти центар. Пред се овде се мисли на импресивниот аудио систем ( 8 вградени звучници, subwoofer и интегриран high-definition аудио контролер), вградената видео камера и микрофон за видео конференции и системот за DVD репродукција.<!-break->
Склопен лаптопот повеќе личи на луксузен бизнис куфер отколку на лаптоп а со отварање и подигање на горниот дел пред вас се отвара црн ентериер со хромирани додатоци и плави светла давајќи му на лаптопот изглед на луксузен high-end стерео аудио систем. Иако внатре има голем дел на подвижни и компоненти кои можат да се оделат од самиот систем солидната конструкција и напредниот дизајн го прават лесен како за отварање така и за затварање. Димензиите на лаптопот и покрај големиот дисплеј се како на класичен персонален компјутер сместен во десктоп куќиште ( 403.86 mm x 469.9 mm x 73.66 mm), а тежината е 8,3 Kg.
|
|
Дисплејот е со карактеристики на DELL-овите UltraSharp LCD монитори, дијагонала од 20.1" WideScreen WSXGA+ и резолуција од 1680 x 1050 точки по инч и за разлика од стандардните лаптопи има повеќе можности за негово поместување и поставување во позиција која е оптимална за работа.
Bluetooth тастатурата е магнетски споена на лаптопот и после отварањето лесно се одвојува од него. Таа е со стандардна големина и распоред како и кај класичните персонални компјутери а како додатни опции се вградениот touchpad и копчиња од глувче. Нумеричката тастатура е одвоена а на неа ги има и сите неопходни копчиња за контрола на мултимедијалните функции на лаптопот. Тастатурата преку bluetooth комуникацијата може да работи на растојание од 5-6 метри од самиот лаптоп. Освен тастатурата се добива и bluetooth глувче и далечински управувач кој на себе ги има сите мултимедијални функции, вграден мал дисплеј на кој може да се видат музичките и видео информации како и вграден микрожироскоп со кој што може да се поместуваат одрдени прозори по екранот и да се контролира положбата на курсорот на екранот.
Во делот на медиа центарот лаптопот има голем број на мултимедијални можности и конектори. Во него е вградена 1.3 мега пиксели веб камера и микрофон кои се сместени на горниот дел од екранот, 2 media card читачи кои подржуваат 13 различни формати на картици вклучувајќи SD и CompactFlash мемориски картички и DVI приклучок за надворешен монитор. Преку различни додатни адаптери на овој лаптом може да се добијат голем број на А/V конектори како што се SPDIF или аналоген 7.1 аудио.
|
Во овој лаптоп е инсталиран Intel ® Core™ Duo Processor T2500 (2 GHz, 2 MB L2 cache, 667 MHz FSB), 1 GB 667MHz Dual Channel DDR2 SDRAM (2x512 MB) меморија проширлива се до 4 GB, 120 GB диск, DVD режач и ATI Mobility™ Radeon® X1800 графичка картичка со 256 МB меморија. Од комуникациски компоненти тука се стандарден 56 k V.92 модем, 10/100/1000 Mbps Мрежна картичка како и Intel® ProWireless 3945 802.11a/b/g Mini PCI Wireless LAN картица.
За автономија од електричната мрежа во овој лаптоп е инсталирана 112 Whr Lithium Ion (Dual 6 cell) примарна батерија.


DELL Notebooks 

Цена
А, цена кај нас? Достапност кај нас? Било што орентационо?