Големо е добро, ама широко е уште подобро - DELL Widescreen монитори
- Printer-friendly version
- Пријави се или регистрирај се за да оставиш коментар
- прочитaно 3814 пати
За разлика од класичните монитори wide-aspect или widescreen мониторите имаат поголема однос на ширината во однос на висината, овозможувајќи на тој начин поголема корисна видна површина на екранот. На ваков начин се овозможува апликациите да се гледаат една до друга, се зголемува продуктивноста, а корисниците многу полесно достапуваат до податоците. Додека кај мониторите со класична ширина отворените прозорци обично стојат еден врз друг, кај widescreen мониторите се намалува потребата од скролирање во прозорецот или пак постојаното префрлање од еден прозорец во друг за да можат податоците од соодветната апликација да ни станат достапни.
Овие монитори се идеални за корисниците кои имаат потреба да извршуваат повеќе апликации истовремено. Со Widescreen мониторите се зголемува прегледноста врз процесите на секоја апликација, а се намалува и потребата од приклучување на два монитора.
Големата резолуција и широкиот екран се идеални и за гледање на widescreen DVD изданија. Широкиот екран овозможува сликите да се гледаат во нивната изворна форма и резолуција без губење на квалитетот или делови од сликата. Предноста е јасна кога ќе се земе предвид дека кај мониторите со класична ширина гледањето на вакви дела во нивната изворна форма значи и појавување на црни квадрати над и под сликата, а за самата слика останува мала корисна површина. Со widescreen екраните целата површина е ефективна а сликата е голема и јасна.

Widescreen мониторите се исто така идеални и за работа со табели на податоци. Големиот работен простор овозможува поставување на повеќе табели и графикони кои се видливи во секој момент. Кај UltraSharp мониторите исто така е можна и ротација на мониторот при што се добива преглед на табелата во портрет мод на работа, а со тоа се добива можност за целосен преглед на големите табели без потреба од нивно скролирање.


DELL Notebooks 

Последни коментари
19 weeks 6 days ago
48 weeks 2 days ago
1 година 20 weeks ago
1 година 36 weeks ago
2 years 1 недела ago
2 years 7 weeks ago