Wi-Fi Catcher


Wi-Fi Catcher е уред кој работи независно од оперативниот систем на лаптопот и детектира најсилен безжичен сигнал без вклучување на лаптопот со што овозможува брзо и поволно пронаоѓање на расположивите Wi-Fi мрежи. Целата процедура се реализира само со вклучување на едно on/off копче, а без отварање на лаптопот и без бутирање на системот. Кога LED диодата ќе светне зелено, тоа значи дека е детектиран најјакиот сигнал и корисникот е во можност да ја користи расположивата Wi-Fi мрежа, односно да користи безжичен интернет.