Dell Vostro 1310 - атрактивен 13" Dell Notebook

Published in

Одличен спој на перформанси и портабилност, вистински избор за корисници кои претендираат врвна информатичка технологија спакувана во совршен кориснички ориентиран дизајн и мали димензии.
Dell Vostro 1310 располага со најновата генерација на двојадрени Intel процесори што резултира во помала потрошувачка на батеријата и повисока процесирачка моќ.
Овој модел на лаптоп нуди технологија која е едноставна за користење вклучувајќи извонредна конективност и можност за системска и податочна заштита од неавторизиран пристап.
Dell Vostro 1310 опционо располага со 64-битна графичка картица 128MB NVIDIA® GeForceTM 8400M GS која нуди исклучително добар графички квалитет надминувајќи ги корисничките очекувања со своите високи перформанси.
Можноста за избор на хард диск со 7200 вртежи во минута и "Free Fall Sensor" за заштита од неочекувани удари, како и издржливата магнезиумски појачана конструкција се само уште една причина поради која Dell Vostro 1310 е најомилен модел помеѓу студентите и small business класата на корисници зголемувајќи ја нивната удобност и практичност. Овој 13" лаптоп располага со исклучително добри и скалабилни перформанси, гигабитна мрежна картица, можност до 4GB меморија, интегрирана 1.3MP вебкамера со дигитален микрофон, мултимедијални копчиња, како и максимална продуктивност со опционалните Wi-Fi и Bluetooth безжични технологии.