Vostro - нова серија на лаптопи кај DELL
- Пријави се или регистрирај се за да оставиш коментар
- прочитaно 2418 пати
Лансирањето на брендот Vostro е уште еден чекор во Dell-овата континуирана посветеност на малите бизнис корисници.
VostroTM 1000, 1400, 1500 и 1700 се атрактивни лаптопи дизајнирани да ги задоволат компјутерските потреби на малите бизнис корисници нудејќи перформанси, доверливост, мобилност и професионален дизајн.
Vostro1000 е ADM базиран 15.4" лаптоп и претставува совршена замена за Inspiron 1501 и Latitude 131L. Обезбедува практични бизнис карактеристики наменети за корисници на кои им е неопходна основата на бизнис лаптопот за извршување на секојдневни бизнис задачи, притоа добивајќи квалитетен систем и врвна технологија, загарантирана стабилност и безжична конективност.
Безжичните перформанси со кои располага Vostro1000 овозможуваат комплетен премин од портабилност кон мобилност. Основата на овој лаптоп е интегриран ATI Radeon® Xpress 1150 чипсет кој нуди високи графички перформанси за корисничките апликации заедно со AMD процесорот кој по желба на корисникот може да биде Mobile AMD Sempron, AMD Turion 64 x 2 или AMD Athlon 64 x 2 dual-core процесор. Меморијата може да се проширува од 512MB до 2GB на 533MHz, а можностa за избор на SATA хард диск е од 60GB до 120GB. Предност е зголемената hotspot конективност со следната генерација Wireless-N WiFi® со 5 пати поголема пропустливост и 2 пати поголем опсег кога се користи со Wireless-N рутер, што практично овозможува конектирање и активно користење на безжични мрежи секаде каде што има расположлив безжичен сигнал.
Vostro1500 е Intel базиран 15.4" лаптоп кој е многу сличен на Inspiron 1520 и претставува одличен баланс на перформанси и портабилност, погодни за корисници кои претендираат widescreen дисплеј и неопходна мобилност. Нуди технологија со екстензивни опции вклучувајќи напредна безжична конективност и исклучителна стабилност со што е практичен за често патување и претставува одличен избор за "small business" класата на корисници. Располага со високи графички перформанси кои ги задоволуваат разноликите барања на корисниците.
Генерално, Intel базираните Vostro лаптопи ја обезбедуваат посакуваната комбинација на софтвер, хардвер и сервиси нудејќи исклучително добри и скалабилни перформанси, вклучувајќи моќен dual-core процесор, до 160GB SATA хард дискови, до 4GB меморија и избор помеѓу интегрирана или дискретна графика. Располагаат со опционална 2MP вебкамера со дупли дигитални микрофони, Dell MediaDirect копче со Instant Office технологија за брз пристап до корисничките контакти и фајлови без бутирање на системот, Hyperband Multi-Antenna која овозможува одличен прием и намалено опаѓање на сигналите, Dell’s exclusive Wi-Fi Catcher за пронаоѓање на Wi-Fi хотспотови без потреба од бутирање на системот, опционална Bluetooth 2.0 безжична технологија, далечински управувач со infrared сензори, помоќни и потрајни батерии, 8-in-1 memory card читач кој обезбедува лесен трансфер на фајлови кои се наоѓаат на различни формати на мемориски картички, Dell Strike Zone shock absorber со обезбедени дополнителни опции за заштита на важните податоци.
Со својата флексибилна конфигурација, и специфичните on-line small bisiness ресурси Vostro серијата на лаптопи е оптимална за вообичаени SOHO (small office / home office) потреби. По барање на корисниците Vostro системите немаат trial-ware преинсталации и располагаат со софтвер специфициран од страна на корисникот.


DELL Notebooks 

Последни коментари
3 weeks 12 hours ago
31 weeks 3 days ago
1 година 4 weeks ago
1 година 19 weeks ago
1 година 37 weeks ago
1 година 43 weeks ago