Sun xVM VirtualBox

Published in

После превземањето на германската фирма Innotek Sun Microsystems додаде уште еден софтверски производ со извонреден квалитет, кој моментлно преставува вистинки хит во светот на виртуализацијата. Веднаш после ова xVM VirtualBox влезе во светот на слободниот софтвер и слободно може да се превземе од страната на Sun Microsystems. Со повеќе од 10000 дневно веќе е надмината бројката од 5 милиони превземања. Ова е првиот бесплатен и вистински слободен софтвер во делот на виртуализацијата, а Sun Microsystems со своето искуство и висок квалитет на своите производи гарантира дека xVM VirtualBox ќе го има квалитетот како и сите други негови производи.
xVM VirtualBox ви овозможува да креирате "виртуална машина" во која подоцна можете да инсталирате скоро било кој оперативен систем, така да на истиот компјутeр можете во исто време да имате повеќе различни оперативни системи и апликации кои се извршуваат во исто време.

Kако пример на вашата машина со Windows XP можете да инсталирате Linux оперативен систем. Софтверот ги подржува скоро сите познати оперативни системи и како домаќин и како гост, од последните изданија на Microsoft Vista и OpenSolaris па се до старите Windows 98, OS2 Или DOS како и Apple апликациите на новите Mac лаптопи како и сите познати Linux оперативни системи.
Пакетот за симнување е доста мал, околу 20 MB и е моногу компактен и ефективен, се инсталира за помалку од 5 минути. Тој е лиценциран како едиција на слободен софтвер GPLv2 лиценца и неговата извршна форма може да се користи слободно за лични потреби. Во исто време може да се превземе и неговиот изворен код. Големината на ресурсите за извршување на "виртуелната машина" зависат од оперативниот систем кој сакате да ги инсталирате и обично се ќе се заврши со 512 MB RAM меморија и околу 20 GB слободен простор на дискот. Понатаму, за разлика од сличните програми на овој, виртуалните машини работат исклучително брзо и лесно. За оделни оперативни системи во пакетот постои дополнителен софтер кој овозможува веднаш да се користат ресурсите на оперативниот систем кој е домаќин така да нема потреба од инсталирање на драјвери за мрежа, USB подршка или пристап до дисковите. Ова е првиот програм кој има подршка за SATA дискови и дозволува до 32 SATA дискови по една "виртуелна машина".
Исто така софверот во себе содржи RDP (Remote Desktop Protokol) сервер, па ако така секоја машина која која во себе има RDP клиент може да пристапува кон xVM VirtualBox и ако го нема инсталирано софверот на себе.
Главните предносто на xVM VirtualBox Во однос на сличните апликации се тие што овој програм е слободен и бесплатен софтвер, има најширок избор на оперативни системи и како гост и како домаќин, отворен е и лесно проширлив, лесно се инсталира и не бара големи ресурси.