Sun Day


На 21 Март во Хотелот Holliday Inn се одржа презентацијата на новите визии, производи и решенија на Sun Microsystems под работен наслов "Sun Day".
На презентацијата, на која присуствуваа околу стотина гости, можеа да се слушнат информации за тоа во која насока оди Sun Microsystems , кој се неговите планови, неговата позиција на светскиот пазар и новите визии за развој на Информатичката технологија.
Sun како и секогаш со својот иновативен пристап отскокнува од останатите производители со производи кое се технолошки по неколку години пред другите. Најголем интерес поситетителите покажаа за новата генерација на CoolThreads сервери базирани на новиот UltraSPARC-T1 процесор со варијанти од 4,6 или 8 "core" по процесор и 4 "thread"-а по "core".
Овие сервери SunFire T1000 и SunFire T2000 со своите перформаси, малата потрошувачка на електрична енергија и големина од само 1U односно 2U во rack-верзија и Sun x64 systems кои имаат освоено над 65 светски Bancmark рекорди . Овие системи се компатибилни со сите тековни оперативни системи како Windows, Linux, Solaris.. и преставуват нов сегмент на производи со кои Sun влегува во светот во кој царуваа DELL, IBM и HP .
На презентацијата беа преставени и новите аквизиции на Sun - StorageTek и SeeBeyond и нивните производи кои сега ке се продаваат под брендот на Sun Microsystems. На овој начин Sun со StorageTek додава цела гама на нови производи во делот storage технологијата, а производите на SeeBeyond ке станат составен дел на Java Enterprise Systems (JES). Со додавањето на овие производи и нивната Service-Oriented Architecture (SOA) во целиот пакет се овозможува и подобра интеграција на останатите пакети од JES и тековните aпликации кај корисниците.

Кај делот на готови решенија беа преставени решенијата кои Sun со нивните партнери ги работат во делот на телекомуникациите, финансиите и владините проекти.

Погледнете дел од атмосферата на оваа презентација...

П Р Е З Е Н Т А Ц И И

Setting a new industry standard for the data center

There's a new storage player in town