You are here

Производи и услуги

ПРОИЗВОДИ

ЛАНКом Компјутери на своите коминтенти им нуди широка палета на производи од најреномираните производители на информатичка опрема во светот. За таа цел ЛАНКом Компјутери има склучено директни партнерски договори за продажба и е застапник на повеќе водечки светски компании за територијата на Република Македонија. Исто така имаме склучено и повеќе договори со домашни фирми кои се застапници на опрема која не ја произведуваат нашите партнери, a се со цел да им ја поедноставиме прецедурата за набавката на нашите коминтенти.

Со можноста од кај нас да се набави скоро се што им е потребно, ние на нашите коминтенти им нудиме единечно место за контакт за набавка, инсталација, одржување и сервисирање без разлика на комплексноста при нејзината интеграција во проектите каде што се потребни производи од многу различни производители.

Ако ви е потребна помош при изборот на опремата Ве покануваме да не посетите во деловниот центар на ЛАНком Компјутери каде нашите инжинери ќе Ви помогнат да го изберете производот кој најмногу Ви одговара по цена и потребни перформанси, а во исто време ќе можете и на лице место да ги видите изложените производи.