ORACLE - Завршена продажбата на Sun Microsystems
- Пријави се или регистрирај се за да оставиш коментар
- прочитaно 565 пати
Oracle објави дека е завршено купувањето на Sun Microsystems и дека сега Sun е целосно во сопственост на Oracle.
Oracle уште еднаш ја потврдува заложбата дека ќе продолжи да нуди целосни, отворени и интегрирани системи кои ќе им помагаат на клиентите да ја подобрат ефикасностa, сигурностa и безбедностa на нивните ИТ инфраструктури.
Со додавање на серверите, storage-ите, SPARC процесорите, оперативниот систем Solaris, Java, и MySQL базата на податоци во постоечкото портфолио на Oracle, Oracle планира да развива и нуди отворени и интегрирани системи - од апликации до диск - каде сите парчиња се вклопуваат и работат заедно во една кутија.
На овој начин перформансите на системите ќе бидат неспоредливи. Oracle софтверот ќе биде побрз на Sun Sparc / Solaris отколку на некој друг сервер или оперативен систем. Со Sun, како дел од Oracle, секој слој од системите ќе се дизајнира, развива и понатаму за да се подобрат ефикасноста, сигурноста и доверливоста, па на ваков начин системите ќе бидат повеќе предвидливи и посигурни.
Клиенти ќе имаат повеќекратна корист со зголемување на перформансите на системите, а со поедноставување на интеграцијата и системот ќе дојде и до намалување на трошоците.
Како и секогаш, примарната цел на Oracle ќе биде 100% задоволството на корисниците. Oracle и понатаму ќе биде посветен на обезбедувањето на квалитетна и непрекината техничка поддршка и услуги кои корисниците би ги очекувале и од Oracle и од Sun. Oracle планира да ја зголеми on-line поддршката на клиентите, преку подобрување на пристапот, подобра интероперабилност помеѓу поддршката на производите на Oracle и Sun и давањето на услуги во повеќе локални јазици.
Техничката поддршка на постојните процедури за Sun и Oracle производи остануваат непроменети и корисниците би требало да продолжат да ги користат истите канали како и до сега.
Исто така клиентите може да продолжи да ги купуваат производи од Sun, на ист начин како и пред преземањето.



DELL Notebooks 
