You are here

Oracle Database Appliance X5-2

Oracle Database Appliance (ODA) овозможува да се искористат предностите на најпопуларните база на податоци во светот - Oracle базата на податоци - во еден единствен уред, едноставен за користење, управување, надоградување и одржување. Тоа е комплетен пакет на преинсталиран софтвер, сервери, уред за складирањена податоци и мрежна опрема за поврзување на компонентите од уредот. Сите компоненти се фабрички инсталирани, тестирани и подесени така да даваат максимални перформанси при што се имплементирани сите најдобри практики при користењето на Oracle базата на податоци. Последните верзии на овој уред освен за користење за бази на податоци овозможуваат остатокот од хардверот кој не се користи за оваа намена да биде искористен за виртуализација со користење на Oracle Virtualization - OVM . Сите хардверски и софтверски компоненти се поддржан од страна на еден производител Oracle при што на корисниците им се нуди единствен начин на лиценцирање на софтверот по принципот - користење на ресурсите према потребите (capacity-on-demand), почнувајќи од 2 па се до 36 процесорски јадра, без потреба од дополнителни трошоци за набавка на нов хардвер и застои при надградба на системите кога кориникот во иднина има потреба од повеќе лиценци односно повеќе перформаси.



Целосно редундантен интегриран систем

Обезбедување на пристап до информации 24/7 и како и заштитата на базите на податоци од планирани и непланирани прекини може да биде предизвик за многу организации. Всушност имплементацијата на ваков систем со компоненти од различни производители може да биде многу ризично посебно ако се немаат вистински ресури и специјалисти при инсталацијата на системите и ако на време не се провери компатибилноста на различните верзии на оперативните системи, базата, опремата и потребните patch-еви потребни за една ваква инсталација. Обично самата инсталција, подесувањето и тестирањето на целиот систем трае долго време пред да се пушти системот во продукција, а сепак на крајот нема никаква гаранција дека системот ќе биде редундантен и стабилен и дека ќе ги дава потребните перформанси.
За разлика од овој пристап ODA-та доаѓа фабрички инсталирана, со елементи од еден производител, со компатибилни и усогласени верзии на сите софтверски и хардверски елементи и со тоа ги намалува елементите на ризик и несигурноста на клиентите и им овозможува да имаат висока достапност на нивните бази на податоци.
ODA-та се испорачува како пакет од 6U систем за монтирање во рак кабинет составен од два сервери , секој со по 2 x Intel® Xeon® processors E5-2699 v3 со 18 процесорски јадра ( односно вкупен капацитет од 2x2x18=72 процесорски јадра), 256 GB на меморија по сервер и четири 100/1000/10000 Base-T Ethernet за мрежно поврзување. Двата сервери се поврзани заедно преку редундантна InfiniBand интерконекција за кластер комуникација со делив директно поврзан SAS уред за складирање на податоците (storage) со високи перформанси. Деливиот дисков простор е составен од 16 x 3.5-inch 8 TB дискови со брзина од 7.2K rpm или вкупен капацитет од 128 TB кои што можат да бидат конфигурирани во mirror или triple-­mirror така да ефективниот дисков простор може да биде 64 TB или 42.7 TB во зависност од тоа колква сигурност бара клиентот. Освен ова уредот содржи и 4 x 2.5-inch 400 GB solid­-state дискови за најчесто користените податоци и 4 x 2.5-inch 200 GB solid­-state solid­-state дискови за redu logs на базата со што се зголемуваат перформансите на истата.
ODA-та подржува работа со Oracle Database 11g Enterprise Edition Release 2 или Oracle Database 12c Enterprise Edition , a корисниците имаат можност да изберат дали серверот ќе работи како единечна инстанца или во кластериран мод како Oracle Real Application Cluster (Oracle RAC) , или Oracle RAC One Node во зависност од тоа дали имаат потреба од актив-актив или актив-пасив режим на работа.
Оперативниот систем кој е преинсталиран на серверите е Oracle Linux со Unbreakable Enterprise Kernel .

Опционално проширување на диковиот простор
ODA-та нуди флексибилност за двојно зголемување на капацитет за дисковиот простор за складирање на податоците. Со додавање на опционалниот уред за проширување, капацитет на дисковиот простор може да се зголеми на 256 ТB, а со тоа респективно може да се зголеми за два пати и ефективниот дисков простор се до 128 ТB или 85 ТB во зависнот од то дали ќе се употребува mirror или triple-­mirror при конфигурацијата на storage-от. При ова исто така се добиваат и 8 дополнителни silid-state дискови во уредот за проширување.
За проширување на интерниот капацитетот може да се користи и надворешен NFS дисков простор кој може да служи за бекап на податоците, за сместување на привремени податоци (data staging) или пак за дополнителни датотеки кои и се потребни на базата на податоци.

Едноставно за користење, управување и одржување
За да им помогне на што поедноставен начин да го користат, управуваат и одржуваат системот на ODA-та е инсталиран Appliance Manager софтвер кој само со притискање на едно копче може да обезведи автоматско додавање на нови сервиси на корисниците, печирање или дијагностика на сите компоненти на уредот. Со Appliance Manager-от во голема мера со поедноставуваат корисничките процеси и се гарантира дека конфигурацијата на базата секогаш ќе биде во склад со најдобрите практики на Oracle. Исто така драстично се поедноставува и одржувањето на целата апаратот, вклучувајќи ја надградбата на фирмверот на хардверот, инсталираниот софтвер, оперативниот систем користејќи само една операција при што сите измени се дадени во една единствена датотека која претходно е тестирана и одобрена од Oracle и е специјално креирана за овој систем. Со тоа се елиминира можноста при надоградба на системот да се инсталираат некомпатибилни компоненти кои ја нарушуват неговата стабилност и редундантност.
Вградениот дијагностика, исто така, го следи системот и ги открива грешките на компонентите, недоследностите при конфигурацијата и одстапувањата од најдобрата практика на Oracle. Ако е потребно да се интервенира поради некој проблем постои саме еден контакт за супорт - тоа е Oracle, Appliance Manager ги собира сите потребни логови и податоци во една компресирана датотека која се праќа во Oracle за дијагностика.

Capacity ­On ­Demand лиценцирање
Oracle им нуди на корисниците ан ODА-та уникатен начин на лиценцирање, Capacity ­On ­Demand, односно набавка на лиценци за базата на податоци само толку колку што ни е потребно во моментот. Со ова се овозможува трошоците за лиценцирање да се распоредат со растот на корисникот , односно со неговите потреби од поголема процесорска моќ. Иако уредот се испорачува со максимален броја на процесори, меморија и дискови на почеток може да се почне само со две процесорски јадра за базата на податоци , а како растат нашите потреби за ресеурси може да се купуваат лиценци и да се искористат сите 36 процесорски јадра по сервер.Целокупната меморијата и дисковиот простор се на располагање за цело време на користење без никакви ограничувања.
При набавката на нова лиценца за базата на податоци се додава соодветен број на процесорски јадра на постоечките без да има потреба да се купува нов хардвер или пак да се прави застој во тековната работата.

Oracle Virtualisation - OVM
Остатокот од процесорските јадра кој е слободен и не се користи за базата на податоци може да се користи за други потреби со користење на OVM. На ваков начин може да се добие систем кој во себе освен базниот дел го содржи и апликацискиот дел на решението за кое е набавен системот. Можноста да се користи виртуализација во уредот дава зголемена флексибилност и можност за градба на редундантно интегрирано решение со висока достапност.Придобивката од ова е што може поефикасно да се распоредат и искористат ресурсите на уредот уште од почетокот на неговото користење без потреба од дополнителни трошоци за набавка на дополнителен хардвер за апликацискиот дел од вашите реченија. Со користење на хардверско партиционирање преку OVM на ODA-та може да се инсталираат дополнителни Windows, Linux или Solaris сервери кои ги користат процесорските јадра кои не се искористени од базата на податоци.

За подетални информации, презентација на решението или пак за цени доволно е да се јавите на телефон (02) 329 69 29 или пак да испратите емаил на ponuda@lancom.com.mk и нашите инжинери веднаш ќе одговорат на Вашето барање.