|
Брзиот развој на безжичната комуникација претставува вистински предизвик, но исто така бара од нас да учиме и да бидеме во тек со сите новитети што ги нуди технологијата како опција за поудобен и современ живот. Само така можеме да го направиме вистинскиот избор и да бидеме дел од современото општество без да се губиме во новите технички поими.
Најчесто корисникот претпоставува дека самиот назив води кон целта, но збунувачки е фактот дека постои било каква аналогија помеѓу името на данскиот крал Bluetooth и безжичната технологија која го носи неговото име. Решение на оваа дилема е клучниот збор "обединување". Кралот Bluetooth ги обединил Данска и Норвешка, а Bluetooth технологијата ги обединува компјутерската и телекомуникациската индустрија.
Оваа приказна води кон тоа дека не секогаш е очигледна релацијата која постои помеѓу една технологија и потеклото на називот што таа го носи. И најголемите сезнајковци секогаш може да научат нешто ново, пред се поради тоа што секој бренд користи специфични називи и опции по кои се издвојува од останатите брендови.
Да се биде прв, уникатен и секогаш чекор пред другите е поентата на светски признатите брендови, помеѓу кои DELL ја завзема највисоката позиција. Dell MediaDirectTM, Dell’s exclusive Wi-Fi CatcherTM се само некои од уникатните опции со кои располагаат DELL лаптопите.
|