MySQL превземен од страна на Sun Microsystems

Published in

На 16 Јануари оваа година Sun Microsystems конечно го потпиша договорот за превземање на MySQL AB open source базата со најбрз развој во светот. На овој начин Sun уште повеќе го зацврстува своето место на пазарот на информатичка опема влегувајќи и во делот на базите. Овој пазар се проценува дека има вредност од околу 15 миљарди долари годишно.
Со повеќе од 1 милион имплементации вклучувајќи ги тука и гигантите како што се Facebook, Google, Nokia, Baidu и China Mobile, MySQL е една од најраспорстранетите бази на податоци која е развиена за работа на сите поважни тековни оперативни ситеми. Со повеќе од 100 милиони копии дистрибуирани или симнати од страната на MySQL, со повеќе од 50.000 дневни симнувања на MySQL дневно, со силaта на MySQL во делот на Web 2.0 технологијата, Софтверот како Сервис (SaaS), ентерпрајз и телеком решенијата и вметнатите решенија од OEM партнерите, MySQL преставува идеално решение за Sun Microsystems. Од друга страна пак интеграцијата со Sun конечно ќе ги исполни и желбите на MySQL да влезе сериозно во доменот на ентерпрајз решенијата, а пак со договорите за OEM дистрибуција кој ги има Sun со Intel, IBM и DELL да се искористат можноста за зафаќање на поголемо парче од овој пазар.
И досега МySQL беше големото М во основата на интернетот која уште се нарекува LAMP составена од Linux, Apache, MySQL и PHP/Perl. Sun се обврза дека и понатаму ќе ја подржува оваа инцијатива и основа, а се разбира и нејзиното подобрување и оптимизирање на GNU/Linux и Microsoft Windows, со тоа што на оваа група сега ќе и се приклучи и Open Solaris и MAC OS X.
Самиот процес на интеграција ќе се спороведува на тој начин што MySQL ќе биде интегриран во Sun Software, продажбата ќе оди преку каналите на Sun, а целокупната подршка ќе стане дел од Sun Support Services една од најмоќните и најефикасните организација за подршка на корисниците во светот. Во исто време CEO-то на MySQL, Мартен Микош ќе стане дел од бордот на директори на Sun, а зеднички тим од двете компании ќе направи план за интеграција базиран на синергијата на двете фирми. Инаку до сега MySQL имаше канцеларии во Калифорнија и во Упсала - Шведска и преку 400 вработени базирани во 25 земји.
Комбинацијата на Sun и МySQL им дава можности на корисниците и организациите можност да бараат нови решенија, а да се има слобода во изборот на платформата и оперативниот систем.
И едната и другата компанија и досега ги делеа истите идеали од самиот почеток на нивното постоење како што се слободата на софтверот, интернет on-line иновациите и стварањето на заедници и партнерството со нив.