OFFICE IN A BOX - Mitel® 3300 IP Communications Platform (ICP) CXi
- Пријави се или регистрирај се за да оставиш коментар
- прочитaно 1974 пати
Mitel® 3300 IP Communications Platform (ICP) CXi е решение кое овозможува ИП телефонија со сета функционалност на обединување на електронските комуникации, наменето првенствено за Мали и Средни Бизниси (SMB). Платформата ги обезбедува сите функционалности како и PBX централа, но во исто време додава и нови функционалности кои им помагаат на корисниците да имаат комплетен систем кој ги обединува компјутерските комуникации и телефонијата. Mitel® 3300 IP Communications Platform (ICP) CXi ги поедноставува комуникациите се што е потребно за поврзување на телефоните, факс машините, и нуди можност за интеграција преку свич со стандардна компјутерска опрема како што се компјутерите, принтерите и друго. Во исто време нуди и поврзување со интернет преку вградениот рутер.
Уредот со телефонската мрежа може да интегрира преку: аналогни телефонски линии , ISDN BRI, ISDN PRI, Е1/Т1 и други стандардни конекции кон телефонските оператори. Во исто време нуди можност за поврзување со други VOIP уреди преку SIP врски со што се овозможуваат бесплатни телефонски разговори со корисниците врзани на другиот VOIP уред без разлика каде и да се наоѓаат. Тоа подразбира поврзување на филијалите на една компанија преку интернет и интеграција на телефонијата од филијалите со централната локација при што се обезбедуваат бесплатни телефонски разговори и се добива впечаток дека сите филијали се на една локална телефонска мрежа.
Ова решение обезбедува искористување на постоечката аналогна телефонија преку поврзување на аналогните телефони во уредот. Со ова се обезбедува намалување на трошоците при преминувањето кон ИП телефонија.
Ова решение уште се нарекува OFFICE IN A BOX решение, бидејќи вклучува:
1. IP PBX – IP централата подржува до 150 IP и аналогни телефони,
2. Voice Mailboxes – максимум 750 говорни сандачиња
3. 16-port powered L2 10 / 100 Ethernet switch – порти за конекција на компјутерите, принтерите и другите мрежни уреди
4. Router
5. Firewall
6. NAT
Како лидер во сегментот на IP комуникациите, Мител ги разбира потребите со кои се соочуваат денешните мали и средни бизниси. Предизвиците да се остане конкурентен, а во исто време да се сочуваат трошоците по контрола, да се задржи растот и да се осигураат денешните инвестиции се неизбежни. Решението на Мител им помага на малите и средните бизниси да се соочат со овие предизвици. Решените се фокусира на обезбедување околина со цел да се остане конкурентен, а во исто време да се одржи контролата на трошоците потреби за водење на бизнис процесите.
Деталните карактеристики за ова решение можете да ги видите во каталогот или да ги добиете од Специјалистот за продажба во Ланком Компјутери.



Каталог 
