MITEL - Нов партнер во областа на комуникациите
- Пријави се или регистрирај се за да оставиш коментар
- прочитaно 5238 пати
На почетокот на овој месец ЛАНКом Компјутери склучија партнерски договор со познатата светска компанија во областа на комуникацијата MITEL. Ова е една од водечките светски компании во областа на решенија и сервиси во областа на комунукациите наменети како за големите компании така и за малите бизниси. MITEL. е фокусиран на изградба на инфраструктура која преку едноставни интерфејси за корисникот ќе овозможи истовремен пристап до гласовни пораки, мултимедијални и кориснички податоци. Широкото портфолио на решенија и сервиси е составено од advanced voice, видео и дата комуникациски платформи, десктоп телефони и Интернет унифицирани уреди, интуитивни апликации за менаџирање и релации со корисниците, мобилност, messaging и мултимедијална колаборација.
Се надеваме дека на ваков начин ќе ја прошириме и нашата понуда во овој дел знаејќи го значењето на миграција кон IP решенијата. Со тоа ќе ви овозможиме и на Вас како наши корисници да ја зголемите Вашата продуктивност и да ги намалите се поголемите трошоци за комуникација нудејќи во докажани решенија од светски реномиран производтел во оваа област.



DELL Notebooks 
