MediaDirect – Побрзо и Поедноставно
- Printer-friendly version
- Пријави се или регистрирај се за да оставиш коментар
- прочитaно 2655 пати
Оптимално лоцираните MediaDirect копчиња со кои располагаат новите модели на лаптопи од DELL имаат за цел да го поедностават пристапувањето до неопходните апликации и мултимедијални фајлови со кликање на само едно копче, а без претходно вклучување на лаптопот.
Брзо пронаоѓање на адреси и контакти, брзо пристапување до корисничкиот потсетник, стартување на PowerPoint презентации без претходно бутирање на системот, како и можност за пристап до содржини од локалната меморија, CD, DVD и flash меморија без подигање на оперативниот систем.
Пристапувањето до важните MediaDirect фајлови единствено е ограничено со password со цел да се заштитат податоците од неавторизиран пристап. Оваа удобност е расположива единствено кај DELL производите, и претставува уште една предност по која атрактивните и уникатни DELL производи се чекор напред во современата технологија.



DELL Notebooks 
