Стратегиски договор помеѓу Intel и Sun
- Пријави се или регистрирај се за да оставиш коментар
- прочитaно 3741 пати
Sun Microsystems и Intel склучија стратешки договор за соработка при што Sun Microsystems во иднина ќе развива сервери базирани на Intel Xeon процесори а Intel од друга страна потпиша OEM договор за дистрибуција и подршка на Solaris оперативниот систем. Овој договор во себе ги опфаќа Solaris, Java и NetBeans софтверот и Intel Xeon процесорите како и сите други ентерпрајз технологии на двата производитела. Оваа алијанса исто така вклучува во себе заеднички инжинеринг, дизајн и маркетиншки чекори во промоција на производите од двете компании.
Со овој догов Ιntel го прифаќа Solaris оперативниот систем како матичен и основен оперативен систем во класта на UNIX оперативните системи и кај ентерпрајз серијата на сервери базирани на нивната гама на процесори, а во исто време ќе ја дава целата потребна техничка подршка во развојот на Solaris, Java и NetBeans софтверот а во исто време ќе даде своја придонес и во развојот на OpenSolaris и OpenJava заедниците.
Sun пак од своја страна се обврзува веќе во првата половина од оваа година да ги дизајнира своите први сервери базирани на Intel Xeon процесорите. На овој начин освен понудата на сервери и работни станици базирани на оргиналната SPARC технологија, и на досега постоечките x86 сервери базирани на AMD процесорите додава нова серија на сервери со што ја забогатува својата понуда и се приближува до корисниците кои својот информатички развој го гледаат токму во овој сегмент на сервери. Sun има во план да исфрли во продажба голем број на сервери со еден, два процесори како и мултипроцесорски сервери. Дел од постоечките сервери ќе се нудат со избор и на AMD и на Intel процесори и со тоа ќе им се даде можност на купувачите да го изберат најдоброто решение за нивните сервиси и апликации.
И двете компании веруваат дека оваа алијанса ќе помогне во нивниот поединечен развој и развојот на Solaris и Xeon ентерпрајз технологиите, а во исто време со заеднички сили ќе вложуваат и во развојот на датацентрите, виртуализацијата и HPC (high performance computing) каде што комбинацијата на Solaris оперативниот систем и Ιntel Xeon процесорите во заедничка комбинација можат да дадат врвни резултати.



DELL Notebooks 
