DELL Inspiron 1525 – Прв Notebook со HDMI приклучок
- Пријави се или регистрирај се за да оставиш коментар
- прочитaно 2598 пати
Не пропуштајте ја можноста да го поделите аудио визуелното искуство со своите пријатели користејќи ја HDMI портата за поврзување на екстерни диспеји која е достапна единствено кај Inspiron 1525. Уживајте во кристално чистите HD филмови и видео снимки на Вашиот Notebook со боја и дизајн по ваша желба и бидете уникатни со премиум микро-сатенските бои и атрактивните дизајни. Дизајниран со висококвалитетен и моќен Intel® Core TM 2 Duo процесор и 15.4" UltraSharp TrueLife Widescreen дисплеј, Inspiron 1525 претставува идеален избор за широк опсег на корисници, почнувајќи од активните корисници кои бараат солидни перформанси со лесно применливи карактеристики, па се до онаа група на моќни корисници кои сакаат мобилност, напредна функционалност и перформанси за повисокиот ред на дигитализирана забава и мултимедија.
Повеќестраниот нов модел Inspiron 1525 со меморија до 4 GB и Intel® Intel® 965PM/ GM + ICH8 Chipset претставува совршен спој на перформанси, цена и портабилност.
Корисниците кои го претендираат стилот "always connected", со Inspiron 1525 успешно можат да го реализираат благодарение на двапати поголемиот опсег и зголемената брзина со Dell Wireless-N and Hyperband antenna technology. Опционалниот Dell Mobile Broadband кој е вграден во овој модел на notebook дава можност за неограничено конектирање кон мобилните мрежи.
Со ексклузивниот Wi-Fi CatcherTM овозможено е лесно пронаоѓање на hotspot-овите без неопходно бутирање на системот.
Високо капацитетната 9 ќелијска батерија дава поголема слобода на корисниците кои патуваат и на кои им се неопходни потрајни батерии од овој тип.
Со Bluetooth технологијата конечно е достапна размената на информации со сопствениот телефон, камера и други периферијали без дополнително користење на кабли.
Расположивиот TrueLifeTM дисплеј со зголемен контрастен однос е одличен за гледање слики и DVD филмови, и уште повеќе со опционалниот UltraSharp дисплеј корисникот конечно може да ужива во комплетен HD (High Definition) 1080p дисплеј и да следи филмови со висока дефиниција.
Привлечна и актуелна опција се зголемените мемориските капацитети со додатниот Blue-ray disc оптички драјв, како и погодно лоцираните "touch-sensitive" мултимедијални копчиња кои на модерен, лесен и брз начин овозможуваат пристапување до фајловите. Преземете ја контролата на вашата забава со додатно вградениот далечински управувач Dell Travel Remote Control и со вградените слушалки со звучна изолација Noise Isolation Earbuds Entertainment Combo. Одберете еспресо кафена, алпско-бела или премиум микро-сатенска боја со интегрирана 2MP веб камера. Едноставно и паметно, DellConnect е далечински сервис кој брзо може да ги дијагностицира и поправи повеќето проблеми од удобноста на вашиот дом.
DellDataSafe решенијата за сигурносни копии ви овозможуваат да ги зачувате најбитните податоци за во случај на хардверски или софтверски откажувања.


DELL Notebooks 

Последни коментари
3 weeks 12 hours ago
31 weeks 3 days ago
1 година 4 weeks ago
1 година 19 weeks ago
1 година 37 weeks ago
1 година 43 weeks ago