DELL Inspiron XPS M1330 - Иновативен дизајн и впечатливи перформанси

Published in

Врвна технологија и висок квалитет остварени со совршен дизајн – Dell Inspiron XPS M1330. Неверојатно малите димензии го прават овој модел најлесниот 13” систем во светот на современата технологија - вистински ултра мобилен, екстремно тенок со почетна дебелина од 2.21cm и зачудувачки мала тежина од 1.79kg.
Дополнување кон совршениот дизајн на овој notebook е можноста за избор нa пурпурно црвена, темно плава или црна боја, исполнувајќи ги притоа и најкаприциозните желби на крајниот корисник.
Исклучително привлечен е уникатниот начин за ограничување на пристапот до ова мало богатство со биометрички пасворд – отисок на прст на сопственикот вчитан со “Biometric FingerPrint Reader”.
Безжичната супериорност е само една од причините поради кои овој Notebook е омилен кај корисниците. Интегрираните антени и мобилната широкопојасна картица му овозможуваат на корисникот да биде Online во секој момент кога тоа го дозволува мобилната телефонска мрежа. Интегрираниот Bluetooth овозможува безжично поврзување на периферни уреди како што се принтери, екстерни хард дискови или мобилни телефони. Како и кај сите лаптопи од Dell така и Dell Inspiron XPS M1330 има вграден Wi-Fi CatcherTM за самостојно детектирање на расположиви WiFi зони за безжичен интернет.
Со опционалната 9 ќелијска батерија Dell Inspiron XPS M1330 е дизајниран за минимална потрошувачка на моќност со што корисниците добиваат до 7 часа непрекината мобилност само со едно полнење на батеријата.
Исклучително тенкиот и високоефикасен HighDefinition White LED дисплеј со 32 White LED диоди постигнува за 36% повисока јачина на светлината споредбено со претходната генерација на стандарден CCFL (Cold Cathode Fluorescent Lamp) дисплеј. Овој UltraSharp widescreen дисплеј нуди брилијантни HighDefinition перформанси надополнети со TrueLife технологија која нуди живописни бои и веродостојни слики.