You are here

FalconStor - TOTALLY Open™ Data Protection Solutions

Сите корисници на компјутерска опрема, без разлика на нивната големина, се сретнуваат со проблемот како да се направи резервна копија на податоците, како и на кој начин да се заштитат податоците, или пак во случај на дефект или оштетување како брзо да се вратат истите назад на нивните системи.
Во исто време новите информатички технологии и програми генерираат се поголема количина на податоци, а со тоа и го зголемуваат потребното време и трошоците за правење на резервни податоците (backup). Брзината со која расте големината на податоците класичната опрема за правење на резервни податоци на магнетни ленти ја прави спора, премногу скапа и комплицирана за употреба, па се наметнува потребата од воведување на нови технологии кои ќе ги надминат овие предизвици.

Поради тоа од неодамна во листатат на нашите партнери го додадовме и светскиот лидер на иновативни решенија за заштита на податоците FalconStor.

Производите на FalconStor се сеопфатни решенија кои нудат континуирана, брза, интегрирана и едноставна заштита и достапност на критичните бизнис податоците. Производите се наменети за различни типови на корисници од сите големини, кои имаат потреба од континуирана, сигурна и брза заштита на податоците, намалување на потребното време за снимање на резервните податоци или пак за чување на истите на дискови наместо на класичните магнетни ленти. FalconStor решенијата се изградени на основа на FalconStor® IPStor® виртуализациска платформа, која обезбедува отворена, централизирана и унифицирана заштита на податоците на мулти-платформска дискова инфраструктура без разлика на производтителот на истата. Овие технолошки независни решенија вклучуваат: - backup оптимизација, - податочна дедупликација, - непрекината работна околина (business continuity), - решенија за враќање на податоците од опрема предвидена во случај на катастрофи (disaster recovery) и - управување и виртуализација и на дискови подсистеми (storage virtualization and provisioning). Производната програма на FalconStor се состои од следните решенија:
VTL - Virtual Tape Library FalconStor® Virtual Tape Library (VTL) е водечки производ на пазарот на виртуелни системи за заштита на податоците. VTL нуди заштита на податоците на брзи и ефтини дискови при што програмите за заштита на податоците (Backup Software) го гледаат уредот како класичен уред со магнетни ленти.
CDP - Continuous Data Protector FalconStor® Continuous Data Protector (CDP) го менува традиционалниот начин на правење на резервни копии на податоците. Наместо дневен backup модел CDP овозможува континуирана заштита на податоците на ефтини и брзи дискови. При ова можно е заштита и враќање на оштетени, избришани или изгубени датотеки, партиции или цели дискови со инсталција на едноставен агент на компјутерот кој се штити, без потреба од никаква додатна администрација или трошоци за скап софтвер за заштита на податоците или комплицирана backup инфраструктура.
NSS - Network Storage Server FalconStor® Network Storage Server (NSS)нуди интелигентна виртуализација на диковите подситеми (storage virtualization) оптимизирана за корисници кои имаат VMware инфраструктура. Овој производ нуди ефикасно управување и виртуализација на постоечките дисковите подистеми при што се обезбедува заштита на податоците, синхронизација и мирорирање во реално време, репликација на податоците како и volume snapshots. За помалку од една минута можно е креирање на нови виртуелни дискови ресурси кои лесно подоцна се доделуваат на различни сервери или пак се делат меѓу нив.
Сите овие производи можат да користат сервери и дискови подсистеми од било кој производител и работат на сите денес познати оперативни системи.
За повеќе информации за производите посетете ја веб страната на FalconStor или јавете се во нашата продажна служба каде што може да договорите презентација или да добиете одговор на сите ваши прашања.