Dell M209X UltraMobile Projector


Совршен дизајн, најнова технологија и сигурна инвестиција се клучните моменти кои не водат до новиот ултра мобилен мини проектор од производната програма на DELL.
Благодарение на постапката на Дигитално Процесирање на Светлина (DLP®) и новата BrilliantColorTM технологија, Dell M209X UltraMobile Projector нуди извонредни колор репродукции, изненадувачки висок квалитет на слика, супериорни колор перформанси и врвна прецизност.
Dell M209X UltraMobile Projector продуцира извонредни живописни бои и до 50% поголема сјајност и осветленост на боите споредбено со LCD проекторите. Овој отмено дизајниран проектор е високо доверлив уред дизајниран со цел да ја зголеми продуктивноста и Вашите презентации да ги претвори во високо-квалитетна мултимедијална екстраваганција.
Мини далечинскиот управувач со своите супериорни функции и вграден ласерски поинтер е само уште еден чекор кон поедноставно, поудобно и поефикасно реализирање на Вашата презентација.
Повеќестраниот проектор нуди множество од опции за екстензивно конектирање кои го зголемуваат визуелното искуство со достапноста на аналогна VGA порта, дигитална HDMI, USB и аудио влезно-излезни порти.