Cena

Published in

Ne mi e jasno ...zoshto nieden Laptop nema cena? Sekako ...bitna e konfiguracijata ... no bitna mi e i cenata.
ako moze posebno za ovie modeli da mi ja kazete cenata:

Latitude D620

Dell PrecisionTM M65

Цени за производите на DELL

На нашиот сајт и во ценовникот за лаптопи ги објавуваме само цените на лаптопите кои моментално ги имаме на лагер и кои имаат позната конфигурација. За разлика од другите brand производители на компјутери кои имаат фиксни конфигурации во кои може да се прават само минимални промени, DELL дава можност купувачите сами да си ја изберат својата конфигурација. Поради тоа постои голем избор на процесори, инсталирана меморија, големина на диск, различни опции за ибор на голем број додатоци така да цената на секој модел не е фиксна и зависи од Вашиот избор на компоненти.

Најдобар начин да добиете цена за определен тип на лаптоп, десктоп или било кој друг производ на DELL е да ја посетите веб страната на DELL (најдобро преку линкот кој се наоѓа на наштата страница) да го изберете посакуваниот модел на лаптоп (десктоп, сервер...), да го изберете моделот со конфигурација која сакате да ја имате ( на пример за лаптопи важи следниот линк - DELL Notebooks и оваа конфигурација со бараните опции за доплати да ни ја испратите на емаилот за информации info@lancom.com.mk или на факс (02) 329 69 29. Во текот на истиот ден по емаил или факс (во зависност од кој начин ќе го изберете) ќе добиете понуда со информации за цената, времето на испорака и начинот на плаќање.