Се повеќе и повеќе корисници при купувањето на компјутерска опрема и изборот на соодветен монитор одлучуваат нивниот избор да бидат LCD Flat Panel мониторите. Исто така и голем број на корисници размислуваат при замената на нивните монитори со нови да се одлучат за оваа технологија.
Зошто?
Затоа што споредувајќи ги едните со другите LCD (Liquid Cristal Display) технологијата по своите карактеристики е супериорна во однос на класичната CRT ( Catode Ray Tube )технологијата. Главните разлики кои LCD мониторите ги ставаат пред класичните монитори се следниве:
- Зголемени перформанси,
- Помала потрошувачка на електрична енергија, односно помали трошоци на користење
- Помал габарит и тежина односно бараат многу помал работен простор
- Подобрен дизајн и зголемена функционалност
- Поедноставни за рециклирање
- Намален бројот на електрични компоненти за лемење односно мала количина на олово и други тешки метали
- Намалено односно скоро елиминирано електромагнетно зрачење и
- Постојаното намалување на цените и разликата во цена во однoс на класичните монитори.
|
|
|
|
LCD Flat Panel Монитор |
Класичен CRT Монитор |
LCD Flat Panel наспроти CRT
Причината од каде доаѓаат овие разлики треба да се бара во принципот на кој работат едните и другите.
Класичните CRT екрани користат катодна цевка, која од предната страна е премачкана со разни фосфорни соединенија. Оваа површина постојано се бомбардира со насочен млаз од електрони во јако електромагнетно поле и на тој начин се предизвикува оделни точки од екранот да светат и на тој начин се формира сликата на предната страна од екранот.
LCD Flat Panel мониторите работат на принципот на Liquid Cristal Display технологијата, односно за формирање на сликата користат течни кристали. Можеби на прв поглед името е контрадикторно затоа што по конвенционалното гледање на работите кристалите се цвртси супстанци. Меѓутоа постојат супстанции кои ако ги побудиме со електрична енергија се однесуваат во исто време и како цврсти и како течни супстанци. Bо одредена состојба овие материјали имаат непроменлива молекуларна структура, односно имаат особина на цврсти супстанци, а во друга електрична состојба можат да ја менуваат положбата и ориентацијата на молекулите во својата структура односно повеќе личат на некоја течност. Оваа се користи така да со промента на нивнита особина тие во одреден момент пропуштаат или ја блокираат светлината која поминува низ нив, односно можеме да ги користиме како светлосни прекинувачи. Ако при поминувањето на светлината таа се пропушти да поминува низ одредени филтери за боја се добива површина кој дава кристално чиста, бистра и јасна слика, потребно е исклучително малку електрична енергија за побудување, немаме никакво електромагнетно зрачење, користиме материјал кој е екстра лесен, а целата технологија може да се имплементира во уред дебел неколку милиметри.
Перформанси
- Осветленост и бистрина на сликата (Brightness)
Во делот на бистрината и осветленоста на сликата LCD мониторите се далеку напред пред класичните CRT монитори. Мерката за осветленост е кандели на метар квадратен (cd/m2)при што поголема вредност значи и подобар квалитет. Додека миминалната вредност на осветленоста кај најефтините LCD мониторите сега изнесува 300 cd/m2 кај најдобрите CRT монитори таа изнесува само малку повеќе од една третина од оваа вредност.
- Однос на контрастот (Contrast Ratio)
Contrast Ratio преставува мерка кај LCD мониторите која го покажува бројот на различни нијанси на една боја кој можеме да го разликуваме кај еден монитор. Колку е поголем овој број толку мониторот е со подобар квалитет односно истиот може да прикаже повеќе нијанси на бои, а со тоа и да се добие јасна кристална и остра слика со висок контраст. Ова е еден од најважните параметри при изборот на мониторот. Додека кај стандардните монитори прифатлива бројка е 450-500:1, одредени DELL UltraSharp монитори имаат Contrast Ratio и од 1000:1.
- Острина и трепeрeњe на сликата (Sharpness and Flicker )
LCD мониторите работата на принципот на активирање на поедини точки од мониторот за разлика од CRT мониторите кај кои имаме постојано бомбардирање на целата површина на екранот со електрони. Со ова кај LCD мониторите се овозможува остра слика без треперење со што се намалува заморот кај очите а со тоа се зголемува и продуктивноста при работењето.
- Геометрија и фокусирање
LCD мониторите можат да обезбедат дигитално поврзување кое што дава уште поголема острина преку целиот екран со перфектна фокусација на сликата кое е константно во целиот животен век на мониторот. Аналогните CRT монитори не можат да обебедат вакви перформанси и во текот на нивната експлоатација овие карактеристики се во постојано опаѓање кое на крај доведува до дототално губење на острината и заматена и дефокусирана слика.
Бидеејќи само LCD мониторите имаат можност за дигитална поврзување со персоналните компјутери преку DVI приклучоците, тие не се подложни на деградацијата на сликата која често пати се случува кај аналогните CRT монитори.
Вкупни трошоци и цена на чинење
- Иако во почетокот за LCD мониторите треба да се издвои повисока сума во однос на класичните CRT монитори, LCD мониторите имаат исклучително мала потрошувачка на електрична енергија, односно многу мали месечни трошоци на експлоатација. Со ова вкупната цена на чинење на мониторот за време на неговиот животен век е значително помала одколку кај CRT мониторите.
- LCD мониторите се многу полесни и помали по габарит од класичните монитори, зафаќаат помалку место и ослободуваат додатен работен простор и комоција при работата. Исто така поедноставни се и полесни за транспорт и адаптација кон нашите потреби.
- LCD мониторите поради нивната едноставна електрична конструкција имаат подолг животен век и постабилни перформанси
Функционалност
Поради нивниот тенок и лесен дизајн LCD TFT мониторите нудат максимална големина на слика на минимален простор. Освен ова за разлика од традиционалните монитори кај DELL LCD Flat Panel мониторите се нудат и некој додатни опции како што се:
- накосен, вртлив екран кој што може да се подесува по висина
- можност за вртење на екранот за 90o со што може да се добие (portrait) портрет положба на мониторот наместо класичната (lendscape) положба на мониторот.
- додатни USB порти на мониторот за приклучување на додатни периферни уреди без да мораме да посегнуваме на тешко достапните USB порти поставени на задната страна од компјутерот
- Носач на звучници на самиот монитор
- Лесно монитирање на зид
Влијание врз околината и нашето здравје
LCD мониторите имаат многу помало влијани врз загадувањето на човековата околина и се поздрави за користење односно ги намалуват на најмала мозжна мерка ризиците по нашето здравје.
- Помалата количина на пластика и помалата тежина ги прават поедноставни за рециклирање.
- Многу помалку елементи за лемење со што има и помалку материјали кои се штетни за нашата околина и работниот простор, пред се олово и кадмиум.
- Помала емисија на штетни електромагнетни зрачења
- Елиминирано треперење на сликата и одсјајот од работаната површина со што се намалува заморот на очите
- Подесливост по висина, косина и далечина од нашите очи, полесна прилагодливост и поголем работниот простор што придонесува за поприродна положба на нашето тело во текот на работата и намалување на ризиците по здравјето предизвикани од неправилно седење.
Дилеми при купувањето на LCD мониторите
LCD технологијата е релативно нова и во некој параметри CRT мониторите имаат предност во однос на LCD мониторите. Дел од овие слабости, од појавата на првите LCD монитори се веќе надминати или пак доведени до граници во кои не преставуваат пречка при извршувањето на нашите работни задачи. CRT технологијата го достигна својот максимум и вложувањата во развој на оваа област се сведени на минимуми. Овде веќе неможе да се очекува ништо ново. LCD технологијата е во постојан подем и најголемиот дел од средствата за развој се насочени токму овде. Се очекува за кратко време сите овие разлики и предности кај CRT технологијата да поминат на спротивната страна.
Кој се параметрите кај кој сеуште предноста е на страната на CRT мониторите?
- Одзивно време (Response Time)
Одзивното време е времето потребно една точка да ја промени својата состојба со цел да се прикаже нова слика на екранот. Оваа вредност треба да биде што помала како би добиле што побрза промена од една слика во друга. Ова е особено важно кај програми кај кои имаме брзи и динамични промени на сликата како што има кај некој 3D игри или во некој графички апликации во кои е потребно брзо преместување од една на друга локација на сликата на екранот. Ако времето на одзив е големо кај деловите кои ја менуваат својата положба ќе се забележат сенки, за некој краток момент дел од старата слика може да остане врз новата односно тразицијата нема да биде мека.
Во последниве неколку години оваа бројка стално се подобрува и за разлика од почетнит вредности од околу 30 ms се дојде до вредности кај кои оваа слабост станува скоро незабележителна. Треба да се биде внимателен кога се споредуваат овие вредности бидеејќи различни прозводители декларираат различни вредности: најбрзото одзивно време наместо некоја типична или средната вредност, промента од сиво во сиво наместо од бело во црно за кое треба најмногу време итн. Секогаш некој екстремни мали вредности декларирани од некој прозводители незначат и дека овие несакани ефекти од транзицијата на сликата ќе бидат елиминирани.
Кај DELL LCD Flat Panel мониторите, во зависност од моделот, типичното време на одзив се движи во границите од 8-16 ms . Најголемиот дел, па дури и најефтините стандардни монитори, ја имаат токму долната граница од 8 ms и со тоа овозможуваат меки и незабележителни промени на сликата.
- Агол на гледање (Viewing Angle)
Првите LCD монитори имаа исклучително лош агол на гледање при кој сликата имаше оптимален квалитет. Најчесто сликата беше добра само ако се гледа директно само под прав агол према мониторот.Ако сликата се гледаше под некој агол се губеше квалитетот и сликата беше скоро нечитка или невидлива.
Миминалната вредност која треба да се бара при вертикално или хоризонтално гледање во однос на оската на екранот е 120o (+/- 30o).
Голем дел од мониторите на DELL имаат и агол на гледање од +/- 89o што значи дека сликата има ист квалитет без разлика под која агол се гледа.