Bluetooth


Bluetooth е технологија која го добила својот назив во чест на данскиот крал Harald Bluetooth Blataand кој ги обединил Данска и Норвешка. Основната идеја на безжичната Bluetooth технологија е да ги обедини телекомуникациската и компјутерската индустрија. Bluetooth технологијата се користи за безжична синхронизација и пренос на податоци помеѓу уредите. Bluetooth-от претставува безжична замена за каблите, и е доста популарен за поврзување кај аудио уредите, palm-top компјутерите, мобилните телефони, или за пристапување кон безжична мрежа со лаптоп. Станува збор за технологија на радио бранови со краток опсег која оперира на 2.4 GHz и е способна за емитување на глас и податоци. Ефективниот опсег на BLUETOOTH уредите е 10 до 100 метри. Брзината на пренос на податоци е од 1 Mbps за Bluetooth 1.2 до 3 Mbps за Bluetooth 2.0 + EDR (Enhanced Data Rate), што е основната причина поради која DELL лаптопите располагаат исклучиво со Bluetooth 2.0.