You are here

AVG - Комплетна заштита на вашиот компјутер

ЛАНКом Компјутери склучи договор за продажба на производите на познатата светска компанија за антивирусни програми AVG.
Производното портфолио на AVG содржи сигурносни апликации за комплетна заштита на вашата работа од сите типови на интернет закани.

Компјутерските и интернет заканите денес не се само на ниво на добивање на различни типови на вируси на вашиот компјутер, туку одат многу подалеку, и само AVG нуди дополнителни слоеви на заштита од сегашните најголеми интернет закани.

Најпознатиот производ AVG Internet Security 2011 е наменет за заштита на домашните корисници, додека за големите компании и институции, со голем број на истовремени корисници на интернет сервиси, го препорачуваме AVG Internet Security Business Edition 2011 .

Освен што ве штити од надворешни закани AVG разви и производ кој што оди и подалеку решавајќи ги сите проблеми кои го успоруваат вашиот комјутер или лаптоп. АVG PC TUNEUP 2011 ги чисти и дефрагментира регистрите на вашиот оперативен систем кои зафаќаат непотребна меморија, го успоруваат вашите апликации и предизвикуваат проблеми со нестабилнот, замрзнување или успорување на компјутерот. Освен ова овој производ ги оптимизира интернет врските, го убрзува дискот и го следи неговото здравје и искористеност.

AVG LinkScanner ве штити од зголемениот број на "денес e овде, утре го нема" закани на интернет. Овие закани може да се кријат на секаков вид на веб страници и ретко се задржуваат подолго време на едно исто место. LinkScanner ве штити така што ги анализира сите врски на веб страните проверувајќи дали тие се безбедни во моментот кога ќе кликнете на линкот. Во исто време овој производ Ве штити и во интернет продавници или социјални мрежи при што можете да бидете сигурни дека Вашиот идентитет и личните податоци се сигурни.

За повеќе информации за производите на AVG посететe ја нивната страница http://www.avg.com или јавете се во ЛАНком Компјутери каде што можете да ги набавите сите овие производи.